сабота, 27 јули 2024

„Ој девојче“ на диџеј Деловски и етно групата Синтезис со гласот на Проески

Во „Интермецо бар“ во Скопје вечер ќе биде промовиран проектот „Ој девојче“ на музичкиот продуцент и диџеј Деловски и етно групата Синтезис кој е издаден на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за проект – колаборација и преработка на една од најпознатите македонски етно музички изданија „Ој девојче”, на која се оставени оригиналните вокали од музичката ѕвезда Тоше Проески.

„Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит“, велат од Синтезис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ