петок, 25 октомври 2024

Охриѓанец удрил во возило на Македонија пат, има и жртви

Едно лице го загуби животот, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево на превојот Стража. Според СВР Тетово, околу 12 часот било пријавено дека на магистралниот пат автомобил фолксваген шаран со охридски регистарски ознаки удрил во паркирано моторно возило рено со скопски регистарски ознаки, сопственост на Јавното претпријатие (ЈП) Македонија пат.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Возачот на фолксваген шаранот Б.Н. од Охрид починал на самото место, а три лица – странски државјани од Англија и Суринам, Јужна Америка се здобиле со повреди. Повредените набрзо се пренесени за укажување на лекарска помош во гостиварската општа болница Ферид Мурад.

На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ