вторник, 18 март 2025

Охриѓанец си излегувал од куќен притвор за да си го одржи „бизнисот“ со дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неизвршување судска одлука“.

Објавено на

часот

Сподели

При контроли, извршени на 07.03.2025, полициските службеници утврдиле дека тој, не се придржувал кон решение од Основен суд во Охрид со кое му е одредена мерка „куќен притвор“, туку го напуштал својот дом. При претрес, извршен во простории на булеварот „Железничка“, кои ги користел, пронајдени и одземени се девет паковки со кокаин, по што е извршена промена на решението од куќен во активен притвор и тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ