четврток, 26 декември 2024

Охриѓанец фалсификувал исправа за сеча, кичевчанец нападнал полицаец кој го фатил како краде дрва

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С. вработен во Национални шуми поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела несовесно работење во службата и фалсификување исправа. А, кичевската полиција поднесе кривична пријава против В.Р. осомничен дека нападнал полицајци кои го фатиле како незаконски превезува дрва за огрев.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Во првиот случај, во текот на 2021 година во својство на службено лице, референт по сеча и дотур во Јавното претпријатие Национални шуми подрачна единица Галичица – Охрид, пријавениот ги повредил законските прописи со пропуштање на должен надзор и несовесно постапувајќи во вршењето на своите овластувања. Тој го фалсификувал извештајот за прием на дрвна маса и го искористил како да е вистинска исправа“, се наведува во билтенот на МВР.

Во вториот случај кичевчанецот на 27 ноември 2024 година на локален пат во кичевското село Осој, бил затекнат од патрола на Шумска полиција при нелегален транспорт на огревно дрво со возило лада нива.

„Притоа, тој не застанал на даден знак од овластените службеници на шумската полиција и со возилото удрил еден шумски полицаец, по што избегал. По преземени мерки, В.Р. бил пронајден и лишен од слобода“, информираше МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ