Инцидентот се случил кога тој дошол во куќата на Г.М., на улица Дејан Војвода, каде што била жена му.
Тој започнал расправија поради нерасчистени семејни и брачни односи, по што со нож ѝ нанел повеќе рани по телото.
Повредената е пренесена и задржана на лекување во Градската болница во Струга, а охриѓанецот е приведен и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело убиство во обид.