сабота, 27 јули 2024

Охридски полицаец заработи кривична пријава за малтретирање при вршење на службата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против А.Т., полицаец од Охрид осомничен за кривично дело малтретирање во вршење на службата.

Објавено на

часот

Сподели

„Во својство на полициски службеник во Полициската станица Охрид, пријавениот при преземање службени дејствија, неосновано и прекумерно употребил физичка сила над К.Н. од Охрид“, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР наведува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ