сабота, 27 јули 2024

Охридски моќник осуден за семејно насилство добил старателство над синот

Охридски моќник за кој надлежна институција издала негативно мислење за ефектите од советувањето против семејно насилство, со пресуда на Основниот суд Охрид го добил стрателство врз тригодишниот син. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права кои го мониторирале овој случај во улога на стручна јавност за МКД.мк велат дека судијата што ја донел пресудата воопшто не ги земал предвид доказите што ги приложила мајката на детето, што според нив, предизвикува сомнежи за коруптивни дејства од страна на судиите.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од Хелсиншкиот комитет велат дека од донесената пресуда е видно дека бракот меѓу мајката и таткото на тригодишното дете е разведен и детето е доверено на чување, воспитување и делумно издржување кај таткото, но и тоа дека охридскиот суд не зел предвид ниту еден доказ што го приложила мајката.

„Во текстот на пресудата видно е дека судот не дал верба на ниту еден доказ кој е предложен од мајката, а дополнително целосно дал верба на доказите на таткото и воопшто не го земал предвид негативното мислење од советувањето на таткото кое се реализирало врз основа на решение за изрекување на мерки за заштита од семејно насислтво, сметајќи го за нерелевантно. Исто така би сакале да истакнеме дека сметаме дека судот целосно погрешно ја утврдил месната надлежност на Центарот за социјални работи, а притоа воопшто не земал предвид дека кога постои случај на поделена надлежност на два центри за социјални работи, истите треба да се координираат и да достават едно мислење за доверување на дете, што воопшто не е преземено во конкретниот случај.
Сето ова доведува до намалување на довербата во правосудството и  предизвикува сомнежи за коруптивни дејства од страна на судиите“, велат од Хелсиншкиот комитет за МКД.мк во врска со овој случај.

Поради ова, адвокатот на мајката, Владимир Туфегџиќ на 19 февруари годинава до Судскиот совет поднел барање за утврдување одговорност на охридскиот судија кој ја донел таквата пресуда.

„Против надлежниот судија до Судскиот совет е поднесено образложено барање за утврдување одговорност на судија поради сторени повеќе намерни и крупни професионални грешки на штета на мајката на детето како странка во постапката, во која постапка очекувам Судскиот совет да постапи со особена итност и веднаш да формира Комисија на известители заради утврдување на факти за кое нешто е доставена ургенција за постапување на 23 февруари 2024 година“, ијави за МКД.мк, адвокатот Туфегџиќ.

По однос на пресудата пак и одлуката тригодишното дете да му биде доделено на таткото, Туфегџиќ вели дека е поднесена навремена жалба на ваквата пресуда, а жалбената постапка ќе се води пред надлежниот Апелационен суд Битола.

„Во жалбената постапка очекуваме Апелациониот суд Битола да ги уважи жалбените наводи пред сѐ поради сторените суштетствени повреди на постапката“, изјави Туфегџиќ.

И.О.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ