Според локалните власти, утре истекува рокот даден на сопствениците самите да ги отстранат кајчињата поставени на јавните површини.
Во спротивно, в сабота екипи на општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за нивно отстранување, а трошоците за тоа ќе паднат на товар на сопствениците.
Во повикот се нагласува дека кајчињата треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.