четврток, 30 мај 2024

Охрид ја одбележа смртта на македонскиот револуционер Христо Узунов

Градот Охрид и оваа година традиционално ја одбележа годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на чествувањата, делегација на Општина Охрид денеска положи цвеќе пред неговата спомен-биста во Градскиот парк, а општинска делегација присуствуваше на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското село Цер.

Со културно-уметничка програма патрониот празник го одбележа и Општинското основно училиште што го носи името на големиот охридски војвода.

Узунов е еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година. На 24 април 1905 година откако биле опколени од многуброен аскер засилен со артилерија, Христо Узунов заедно со 11 негови соборци извршиле саможртва, за да не паднат живи во рацете на Турците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ