„Искажуваме длабоко сочувство до семејствата на настраданите. Нашите мисли во овие моменти се со нив. Сакаме да испратиме силна порака до братскиот народ во Србија, дека не е сам и дека граѓаните на Македонија, без разлика на етничка и верска припадност, се со нив во овие тешки момент“, вели во изјава за Охридњуз Мишо Филев, почесен конзул на Србија во Охрид.
Молитва за покој на душите на жртвите на злочинот во Белград во терористичкиот акт во околината на Младеновац се одржа и во црквата Света Троица во Куманово.