четврток, 6 март 2025

Огромно мнозинство американски гледачи го поддржуваат планот на Трамп за Украина

Големо мнозинство гледачи го поддржаа вчерашниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред Конгресот, според анкетата на Си-би-ес њуз и Југов спроведена веднаш по обраќањето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според истражувањето, публиката во голема мера била составена од републиканци, што е вообичаено за претседателските говори, каде што мнозинството гледачи се приврзаници на владејачката партија, а меѓу тие гледачи, повеќето биле задоволни од она што го слушнале.

Гледачите го опишаа говорот на Трамп како „претседателски“, „инспиративен“ и „обединувачки“. Огромно мнозинство го оцениле говорот и како „забавен“, а повеќето од анкетираните рекле дека претседателот зборувал за теми што им се важни. Повеќето гледачи рекоа дека се чувствуваат „надежни“ и „горди“ по говорот.

Од друга страна, кај демократите што го следеле говорот преовладувало чувство на загриженост, при што 40 отсто од нив рекле дека се „лути“.

Пред самиот говор, гледачите најмногу сакале да ги слушнат плановите за намалување на трошоците за живот, а околу две третини од оние што го следеле сметаат дека Трамп има јасен план за решавање на овој проблем.

Огромно мнозинство гледачи изразиле поддршка за неговите планови за имиграција, намалување на владиното трошење и пристапот кон војната меѓу Русија и Украина. Нешто помало мнозинство ги поддржало неговите потези за царините. Повеќето гледачи исто така веруваат дека Трамп точно го опишал проблемот со криминалот во САД.

Исто така, повеќето од нив го одобриле потегот на претседателот на Претставничкиот дом да отстрани член на Конгресот од комората поради попречување на говорот на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ