сабота, 27 јули 2024

Огромни поплави во Италија: Потопени градови, најмалку девет мртви (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Властите соопштија дека 14 реки се излеале од коритата, поплавувајќи 23 градови. Градоначалникот на Равена изјави дека неговиот град сега е непрепознатлив. Големата трка на Формула 1 што викендов требало да се одржи во Имола, место блиску до најтешко погодените области, беше откажана во обид да се намали притисокот врз службите за итни случаи и да се спречат љубителите на трката да се соберат во погодениот регион.

 

 

„Се соочуваме со катастрофални настани кои веројатно досега не биле видени“, изјави за новинарите претседателот на регионот Емилија-Ромања, Стефано Боначини. „Извонредни количества дожд падна на земјата, која повеќе не е во состојба да ги апсорбира“. Најмалку еден мост во близина на градот Болоња се урна, некои патишта се оштетени, а многу железнички линии се во прекин. Регистрирани се околу 120 одрони.

 

 

Поплавите уследија по неколкумесечна суша што ја исуши земјата, намалувајќи ја нејзината способност да апсорбира вода и го влоши влијанието на поплавите, велат метеоролозите. Каллива вода течеше низ историските центри Фаенца, Чезена и Форли, поплавувајќи ги покривите на паркираните автомобили, потопувајќи некои продавници и принудувајќи ги локалните жители да побегнат до најгорните катови од своите домови.

Равена е непрепознатлива поради претрпената штета. Министерот Мусумеци рече дека во некои делови од регионот за еден ден, до ден и половина, наврнале од 200 мм до 500 мм дожд, наспроти просечните годишни врнежи од 1000 мм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ