сабота, 27 јули 2024

Огромни бранови погодија оддалечена американска воена база во Пацификот (ВИДЕО)

Огромни бранови поплавија делови од американска воена база во средината на Тихиот Океан за време на викендот, предизвикувајќи штета за која ќе бидат потребни месеци да се санира, се вели во извештајот на американската војска.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На видеото објавено на Икс се гледа како голем бран удира во ресторан на островот Рои-Намур, вториот по големина остров во Атолот Квајалеин, на кој се наоѓа полигон на американската војска за тестирање одбрана од балистички ракети на Маршалските Острови.

Видеото, на кое се гледа како морската вода ги пробива вратите и прозорците и го носи мебелот, е снимена околу 21 часот по локално време во саботата.

Во видеото објавено на Фејсбук, полковникот Дру Морган вели дека „непредвидливи, огромни бранови“ го погодиле северниот дел на островчето и предизвикале само полесни повреди.

Во извештајот на американската војска се наведува дека штетата на инфраструктурата на островот е голема.

„Неколку области на островот се под вода“, се вели во соопштението на армијата. Објавена е и снимка од воздух направена на 21 јануари, а која ја покажува големата поплава во Рои-Намур.

Оштетени се станбени згради, автомобилски комплекс, театар и капела на островот, се наведува. Во извештајот не се споменува никаква штета на воената инфраструктура.

Метеорологот на Си-ен-ен, Роберт Шакелфорд, рече дека видеото изгледа покажува „скитнички бран“, невообичаено голем бран што се појавува во серија помали бранови.

Американската метеоролошка служба вели дека овие бранови се непредвидливи, дека се најмалку двојно поголеми од околните бранови и можат да дојдат од правци различни од правците на ветровите и брановите кои преовладуваат.

Шекелфорд вели дека ефектите од овие бранови се влошуваат со зголемувањето на нивото на морето предизвикано од климатските промени.

Највисоката надморска височина на Рои-Намур е помала од 4 метри. Островот е мал, со вкупна површина од околу 2,5 квадратни километри, а од Хаваите е оддалечен на околу 3900 километри. На островот има околу 1.300 Американци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ