„Гори резервоар за гориво во реонот на улицата „Браќа Манганари“ во заливот Козача. Прелиминарните информации укажуваат дека пожарот настанал од напад на беспилотно летало. На местото на настанот работат сите потребни специјални служби. Областа на пожарот е на околу 1.000 метри квадратни“, напиша Развозајев.
Развозајев наведува дека во пожарот нема повредени. На местото на несреќата има 18 противпожарни единици и 60 спасувачи, а се очекува пристигнување и на противпожарен воз.
An oil depot is on fire in Sevastopol after being hit by a drone in the early morning. pic.twitter.com/ll8zY2v8a2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 29, 2023
„Пожарот нема да влијае на снабдувањето со гориво во Севастопол. Овие резерви не беа користени за снабдување на бензинските пумпи со гориво“, објави подоцна Развозаев.
Окупациските власти на Севастопол нема да ги евакуираат жителите од областа на пожарот, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.