Надлежните на овој начин, меѓу другото, ќе се обидат да се справат со драматичниот раст на туризмот во земјата, објави „Гардијан“.
Во Гион, традиционалните „геико“ и „маико“ уметнички присуствуваат на вечерни „чајанки“ и ги забавуваат гостите, но овие дами често се мета на посетители коишто сакаат да фотографираат и кои ги игнорираат предупредувањата да се држат на растојание и за воздржување од допирање на жените во скапи кимона. Имаше и поплаки дека лица нелегално влегувале во приватните имоти на жителите на тоа место.
Во декември лани, граѓаните, жалејќи се дека нивната област не е „забавен парк“, упатија повик до Градската управа да преземе мерки против непримерните туристи.
Делумната забрана за влез во тесните улици на Гион ќе стапи во сила следниот месец, иако не е јасно како ќе се спроведе сѐ тоа.
Досегашните обиди да се убедат посетителите да не им приоѓаат на жените вклучуваа знаци за предупредување и казни до 60 евра. Сѐ тоа беше неуспешно и неделотворно.
Кјото повеќе од илјадалетие бил престолнина на Јапонија – до 1868 година. Ова не е единствено место коешто денес се бори со „прекумерен туризам“ на оваа островска земја, откако Ковид-мерките беа укинати минатиот април. Инаку, тука најмногу туристи доаѓаат од Јужна Кореја и Кина, како и Тајван.