Маскирано лице со фантомка утрово околу 10 часот влегло во експозитурата на „Шпаркасе банка“ во трговскиот центар Лептокарија во Скопје, информираат од МВР. Ограбувачот со закана со пиштол кон вработените успеал да одземе одредена сума пари и да избега. МВР информира дека презема мерки за пронаоѓање на сторителот.