недела, 19 мај 2024

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го украле сефот со пари

Неколку лица со употреба на сила вчера влегле во менувачница во Чаир и украле сеф со пари, по што избегале со возило фолксваген џета без регистарски ознаки.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се случила рано утрото околу 4:20 часот.

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачјето на општина Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ