петок, 18 октомври 2024

Ограбен театарот во Штип

Објавено на

часот

Сподели


Според Наташа Маневска, директорка на Центарот за култура „Ацо Шопов“, крадците ги исекле и сите кабли, кои биле набавени неодамна за да се подобрат условите и непречено да се одвиваат претставите.

„Ова е вандалски чин, крадците ги исекле сите кабли, кои ги купивме пред еден месец од наши средства. Очекуваме дека полицијата ќе ги открие сторителите на оваа кражба“, вели Маневска.

Таа додава дека поради кражбата во Народниот театар-Штип била одложена и претставата за хуманитарни цели.

Средствата собрани од билетите требаше да му се донираат на осумгодишниот Кире Јованов, кој има рак на лимфните јазли, а на кого треба да му се изврши операција во Загреб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ