сабота, 27 јули 2024
Се бара притвор

Ограбен познат скопски хотел, крадецот бил избеган од затвор

Објавено на

часот

Сподели

„Периодот додека бил на слобода го искористил да стори ново кривично дело, па на 8 јули во вечерните часови влегол во службени простории на хотел во Скопје и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Од хотелот тој успеал да украде метален сеф заклучен со шифра, а во кој имало парични средства во износ од околу 1.400 евра, како и клучеви од хотелот, неколку сим картички како и пет патни исправи на гости сместени во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети се проценува на околу 100.000 денари. Потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до службениот паркинг, му пристапиле членови на обезбедувањето на  хотелот. Осомничениот со спреј за самоодбрана ги испрскал во очите и веднаш почнал да бега, влегувајќи во такси возило. Возилото било пријавено и сопрено од полициски службеници кај Градежен факултет Скопје, по што пријавениот бил лишен од слобода“, соопштија од ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ