„Ние сметаме дека изборите во сите ограноци што сега ќе се одржат, во сите ограноци не се легитимни и можеме да конститираме на овој начин, еден член еден глас, се нелегитимни и антистатутарни. Ние пак го креваме гласот дека време е одредницата 20 отсто за албанскиот јазик да се промени во Уставот затоа што не сакаме уште еднаш Уставот да се отвори и да се отворат вакви прашања. Јас сум денеска тука каде што треба да бидам, со основачите на нашата партија, и ќе продолжам да бидам дел од фракцијата и да ги истакнувам уште повеќе нашите барања“, рече во своето обраќање на прославата Саранда Имери, претставничка на фракцијата на ДУИ.
На новинарско прашања дали ќе се формира нови политичко движење за реформи во ДУИ, Имери одговори дека ја продолжуваат борбата внатре во партијата со демократски методи.
Муса Џафери, некогашна десна рака на лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешен вицепремиер, изнесе критика на сметка на „артанистите“ (лојалните кон Ахмети.н.з.) затоа што сметаат дека сега не е време кога ќе се отвори Уставот да се брише одредбата од 20 отсто, која, нагласи, ја ограничува официјалната употреба на албанскиот јазик.
„Ние не го зборуваме 20 отсто јазикот, туку 100 отсто зборуваме и пишуваме на албански јазик. Тогаш како да не реагираме и да не протестираме, кога од нашата партија ни велат дека не е време албанскиот јазик достоинствено да се означи и именува како албански јазик“, рече меѓу другото Џафери.
Координаторот на фракцијата во Тетово, Мухамет Амети, рече дека за овие години ДУИ потфрлила во борбата против корупцијата и никогаш не го решила статусот на поранешните војници на ОНА.
„И по 21 година функционирање на ДУИ, многу од истите предизвици остануваат нерешени, како што е искоренување на корупцијата и организираниот криминал и воспоставување механизми со кои би се спречило негово ширење“, рече Амети.