петок, 10 јануари 2025

Огнената фракција роденденот на ДУИ ќе го слави во Тетово и собира сила за изборна победа над Мала Речица

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани членови, симпатизери, поддржувачи на ДУИ веќе 21 година по ред, Демократската унија за интеграција фракција ве поканува на 5 јуни (понеделник) во 14 часот, заедно да го одбележиме датумот на основање на ДУИ. Манифестацијата ќе се одржи во близина на Палатата на културата во Тетово“, објави фракцијата, а поканата и преку Фејсбук ја пренесуваат сите членови од раководниот тим на фракцијата.

Од нивните фејсбук страници може да се забележи дека фракцијата деновиве е ангажирана со интензивни средби со граѓаните од различни општини.

о

Викендов фракционерите предводени од Изет Меџити, Блерим Беџети и Висар Ганиу беа низ општината Липково, а собир одржаа и во Матејче каде разговараа со жителите на општината.

Вчера фракцијата одржа политички собир во Струга.

„Разговараме и ги слушаме ставовите на стружани за политичките околности.Каде и да одиме зборуваме отворено, без демагогија и најискрено. Во локалните структури на партијата многупати ни возвратија со искреност и јас сум им многу благодарен за целата сила и поддршка што ни ја даваат. Ќе го продолжиме ова наше патување затоа што сме во право“, напиша во Струга на својот фејсбук – профил Изет Меџити.

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу деновиве одржа повеќе состаноци, му беше домаќин на претстедателот на Македонија Стево Пендаровски кој го посети училиштето Цветан Димов, и на крајот, се пофали дека со поддршка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е дадено зелено светло за изградба на булеварот Цветан Димов, кој го окарактеризира како мега – проект на Општината.

ц

Познато е дека „огнената“ фракција во Скопје е во добри односи со градоначалничката Арсовска и дека некои од директорските и други раководни кадри од ДУИ и Алијанса за Албанците беа заменети со кадри од фракционерите.

ДУИ, која произлезе од политичкиот врв на некогашната ОНА и е основана една година по воената 2001 година, со мал исклучок од две години, целиот период е владејачка партија, односно владин  коалициски партнер или на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ:

Ова е прв роденден кога партијата слави на две локации, од две политички опции кои се чини дека веќе не сакаат да разговараат. Фракционерите денеска ќе ја одбележат годишнината во Тетово, додека Али Ахмети со соработниците ќе се соберат во хотелот Александар палас каде по тој повод се организира панел дебата на тема „Европски фронт”, на која ќе се обратат лидерот на ДУИ; Радмила Шекеринска, Петар Арсовски, Газменд Ајдини, Теута Арифи и други.

„Огнените“ лидери минатиот месец беа исклучени од раководниот тим на ДУИ за што беше издадено соопштение од Мала Речица во кое беше наведено дека тие „се самоисклучиле“ бидејќи прогласувајќи се за фракција го прекршиле статутот кој забранува таков вид на дејствување.

Журнал.мк деновиве објави дека „огнената“ фракција размислува да формира нова политичка партија која ќе се вика Демократска унија за реформи.

Бидејќи разговорите внатре во партијата не вродиле со плод, „огнените“ ќе се организираат како нова партија за да ја покажат својата моќ на парламентарни избори, кога и да се случат, пишува порталот.

Деновиве и лидерот на Беса, Биљал Касами објави дека смета на „огнената“ фракција во напорите да ѝ се зададе удар на ДУИ со кој таа партија конечно би се симнала од власта.

к

Касами, ги повика „огнените“ од ДУИ да се приклучат на опозицискиот фронт што се создава откако тој постигна договор со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, за заедничко опозициско дествување. Лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Касами, упати јавен повик во кој покрај огнетите, ги повикува и пратениците и членови на Алијанса за Албанците кои, вели, отсекогаш биле за промени во албанскиот политички кампус, да се приклучат на опозицискиот фронт за уривање на ДУИ.

                                                                                                                                                   П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ