сабота, 21 декември 2024

„Огнената“ фракција нема дилеми, поддржуваат уставни измени и сакаат учество во работната група

Објавено на

часот

Сподели

„Следствено, сакајќи во овој процес да имаме активна а не само набљудувачка улога, иако официјално не смe поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на Демократската иунија за интеграција да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање на државата сите наши професионални капацитети.

Повторуваме, непоколебливо ја подржуваме иницијативата за уставни измени, процес кој би отворил нова перспектива за земјата на патот кон интеграција во ЕУ, почитувајќи ја апсолутната волја на албанскиот народ за отстранување на формулацијата ’20 проценти’ од Уставот во однос на албанскиот јазик .

Го покануваме целиот албански политички фактор да се произнесат за оваа битна тема, да ја поддржат оваа иницијатива и да бидеме обединети во овој став, бидејќи со ова се отвора ново поглавје во нашиот пат кон ЕУ, но исто така се поправа и една дво-децениска неправда кон албанскиот народ во Република Северна Македонија“,, се вели во соопштението на фракцијата на ДУИ.

Инаку, минатата недела „огнената група“ донесе одлика да се прогласи за официјална фракција во ДУИ, без оглед што статутот на партијата не дозволува фракционерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ