сабота, 27 јули 2024

Огласот за вработување на 1.117 здравствени работници е поништен

Огласот за вработување на 1.117 здравствени работници е поништен, соопшти денеска Елена Петрова, дополнителен заменик-министер за финансии и според неа, со ова е дојдено до разрешница на огласот наменет за медицинските лица кои се или биле ангажирани со договор на дело.

Објавено на

часот

Сподели

„За поништувањето на огласот вчера ме известија синдикалните претставници Боби Бојчевски – национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници, Гоце Делчев Тодев – генерален секретар на КСОМ (Конфедерација на синдикални организации на Македонија) и Марјан Ристески – претседател на КСОМ. Ова се надоврзува на информациите кои веќе ги споделив во јавноста, дека:

– во Буџетот за 2024 год. не се обезбедени средства за бруто плата за 1,117 здравствени работници (доказ: допис од ФЗО до Владата од 18/03/2024 год.)

– по распишување на изборите, итни и неодложни потреби согласно закон се решаваат во точно определени случаи со вработување на определено време, а не со договор на дело, за што доставив известување до ДКСК.

На состанокот со синдикалните претставници разговаравме и за статусот на лицата кои се на приватни специјализации, усогласувањата на платите со Законот за минимална плата во јавните здравствени установи, како и изедначување на вредноста на бодот за плати на исто ниво во сите установи.

Преку искрен пристап и отворен дијалог ќе се надминат сите проблеми со кои се соочуваат вработените во јавното здравство, со цел да го добијат заслуженото место во општеството. За неколку недели од сега новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се зафати со систематско решавање на овие проблеми во интерес на граѓаните“, додава Петрова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ