Во огласот за вработување на здравствени работници на неопределено време се вели дека ГАК има потреба од двајца доктори на специјализација по гинекологија и акушерство, еден од турска и еден до албанска националност, двајца специјализанти по педијатрија од албанска националност и специјализанти по анестезија и интензивна медицина каде што се бараат Ром и Албанец.
Лазаров во реакцијата вели дека ваков преседан не постои во медицинскиот свет. „Каква врска има националност со гинекологијата и акушерството?“, прашува тој.
Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека пред објавување, конкурсот се одобрува од Управниот одбор на клиниката и дека Законот за вработени во јавниот сектор го предвидува тоа, но знаењето и искуството имаат првенствено значење.
Според претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, неуставни и незаконски се сите огласи за вработувања во јавната администрација во кои се бара кандидатите да бидат припадници на соодветна националност.