среда, 16 октомври 2024

Официјално: Тухел е третиот странец кој седна на кормилото на Англија

Фудбалската асоцијација на Англија го именуваше Томас Тухел за нов селектор, Германецот ќе биде само третиот странец кој седнал на кормилото на „трите лава“.

Објавено на

часот

Сподели

Англија стави крај на потрагата на наследник на Герет Саутгејт, денеска пристигна официјална потврда за новиот селектор, доверба му е укажана на Томас Тухел.

Изборот бил направен уште минатата недела, стратегот ставил потпис на договорот на 8. октомври а соработката ќе започне на стартот од 2025 и ќе трае 18 месеци.

„Горд сум што ми се укажа прилика да ја предводам репрезентацијата на Англија. Огромна привилегија е да се биде предводник на овој национален тим, и прилично сум возбуден од шансата да работам со оваа талентирана група на играчи“ – вели Томас Тухел.

„Зедно со Ентони Бери (неговиот помошник) ќе сториме се што можеме за да донесеме успех и да ги направиме навивачите горди. Сакам да и се заблагодарам на ФА, особено на Марк и Џон, за довербата што ми ја укажаа“.

Томас Тухел сега ќе биде само третиот странец кој седнал на кормилото на „трите лава“ по Свен Горан Ериксон и Фабио Капело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ