„Според информациите од подземјето, има околу 30 офицери на НАТО во опкружувањето во регионот Курск, кои беа задолжени за командување на трупите на теренот, како и за добивање разузнавачки податоци од сателитите на НАТО и за прилагодување на нападите длабоко во руска територија“, изјави изворот од агенцијата.
На крајот на минатата недела, руските војници започнаа голема офанзива во регионот Курск и за неколку дена ослободија повеќе од 1.100 километри територија окупирана од вооружените сили на Украина, вклучувајќи ги селата Стара Сорокина, Мала Локња, Черкаси Поречно, Мартиновка и Михајловка.
Министерството за одбрана во четвртокот извести за ослободување на регионалниот центар Суџа.
Од Суџа се евакуирани околу 40 цивили, меѓу кои има и пациенти кои тешко се движат, евакуираните со себе ги понеле само најпотребните работи, со надеж дека брзо ќе се вратат во своите домови, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека цивилите од регионот Курск биле евакуирани на безбедно место од војниците на руската група „Север“, пренесува ТАСС.
„Припадниците на воената група „Север“, кои извршуваат задачи во пограничната област на регионот Курск, од неодамна ослободениот град Суџа, продолжуваат со континуираната евакуација на цивили во безбедни подрачја“.
„Украинската армија напаѓа куќи и згради со артилериски и камикази беспилотни летала“, се вели во соопштението.
На крајот на минатата недела руската армија започна голема офанзива во регионот Курск, според досега објавените збирни информации на руското Министерство за одбрана, вооружените сили на Русија ослободиле 31 населба, додека вооружените сили на Украина загубиле повеќе од 2.000 војници, пренесува РИА Новости.
Како што претходно беше информиран рускиот претседател Владимир Путин од началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, украинската група која влегла во Курск е изолирана и во моментов систематски се уништува, додека во некои области руските единици ја преминале државната граница и влегле во регионот Суми.
Путин додаде дека, ако пред извесно време вооружените сили на Украина во големи групи го напуштаа Курскиот регион, сега тоа веќе не е можно и предложи да се размислува за создавање безбедносна зона долж државната граница.