сабота, 27 јули 2024

Одземени над 3.000 парчиња пиротехника

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 15 часот, на градскиот плоштад во Тетово, го лишиле од слобода 54-годишниот тетовец Ф.А. затоа што кај него биле пронајдени и одземени над 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е задржан во полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува граѓаните дека набавувањето, продавањето и активирањето пиротехнички средства е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот законик. Секторот за внатрешни работи Тетово ги засили контролните и други активности поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, а кои наредните денови уште повеќе ќе се интензивираат.

Во таа насока, на трговците, родителите и учениците ( основци и средношколци ) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност.

Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е казниво согласно Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ