вторник, 22 октомври 2024

Одржан состанок за годишнината од Женевската конвенција, Русија не присуствувала

Претставниците на земјите-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации се состанаа вчера во Швајцарија на неформален состанок во знак на сеќавање на усвојувањето на Женевската конвенција, а на состанокот не присуствуваше единствено претставникот на Русија, пренесува Ројтерс. Швајцарија, една од 15-те членки на СБ на ОН организираше неформален состанок во знак на сеќавање на усвојувањето на Женевската конвенција, потпишана пред 75 години по Втората светска војна за да се ограничи „варварското однесување во војната“, наведува агенцијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ве повикувам да го подигнеме почитувањето на Женевската конвенција на ниво на највисок политички приоритет“, рече швајцарскиот министер за надворешни работи Игнасио Касис на состанокот.

На прашањето зошто не е присутен претставникот на Русија, тој кажа дека сите членови на СБ на ОН се повикани да размислуваат за меѓународното хуманитарно право, но и додаде дека присуството не е задолжително.

„Овој состанок е губење на времето. Сметаме дека Советот за безбедност би требало да се сконцентрира на поважни работи од патувањето по Европа“, рече заменикот на постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

Русија е членка на групата постојани членки, покрај САД, Франција, Британија и Кина, кои имаат постојано место во СБ на ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ