сабота, 19 октомври 2024

Одржан првиот форум за Персонализирана медицина и геномско профилирање

Објавено на

часот

Сподели

 

Поврзаноста на генетиката на канцерот со персонализираната медицина, интегрирање на националната инфраструктура со цел подобрување на патот на пациентите со канцер и сеопфатна стратегија за примена на персонализираната медицина во онкологијата, се темите на кои се дискутираше на Првата конференција за персонализирана медицина и геномското профилирање. Дискусиите се водеа од медицински, фармацевтски и научен аспект со говорници од домашните институции, но исто и советници и здравствени експерти од Велика Британија, Италија, Хрватска.  

Геномското профилирање и примена на иновативната терапија е во фокусот и на Министерството за здравство. 

„Паралелно се вложува и во персонализиран пристап во дијагностиката и третманот на пациентите. Посебно внимание посветуваме на сеопфатното геномско профилирање, како и на воведувањето и примената на иновативни терапии кои се препишуваат на пациентите исклучиво врз основа на претходно направени тестирања и проценка дека токму таа терапија ќе биде ефикасна за конкретниот пациент. Имајќи предвид дека персонализираната медицина подразбира и континуиран развој на дигитализацијата, во соработка со надлежните институции со заеднички заложби работиме и во оваа насока“, истакна заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева. 

За интегрални сегменти, особено околу генетиката на канцер, геномските тестирања и можностите за унапредување на третманот на онколошките пациенти со помош на прецизната медицина, Ана Данева, советничка за здравство на претседателот на Владата, истакна: 

„Ние со нашето скромно вложување во овој сегмент во последниве години сме насочени да овозможиме што поголем пристап на иновативната терапија  што е од особена важност во третанот на пациентите. Она што е важно во индивидуалниот пристап започнува со проценка на фамилијарните предиспозиции и ризикот од развој на одредени заболувања со помош на генетски тестови, продолжува преку целни програми за превенција и рано откривање на болестите, што е основна задача на здравствениот систем,  па се до точна и навремена дијагноза која овозможува индивидуализирана третманска стратегија. Персонализираната медицинаго надминува пристапот “едно решение за сите пациенти со одредена болест’ и му се посветува на секој поединец, според неговите потреби.“ 

Во дефинирање на вредноста на персонализираната медицина од локална перспектива, еден од клучните чинители е улогата на Фондот за здравствено осигурување и мерките што ги презема за ефикасно реалоцирање на средства со цел да се овозможи индивидуализирана, поефикасна дијагностика и третман на пациентите со канцер. 

На Конференција за персонализирана медицина и геномското профилирање, беа изнесени и искуствата од примената на персонализираната медицина во Хрватска. Во однос на интегрирањето на прецизната медицина во едукацијата и сеопфатна  стратегија за примена на персонализираната медицина, свое мислење даде и експертската јавност.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ