сабота, 27 јули 2024

Одметнатиот проруски регион на Молдавија бара заштита од Москва

Одметнатиот молдавски регион Транснистрија денес официјално побара заштита од Русија, јавува Франс прес.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува руската државна новинска агенција ТАСС, заштита од Русија побарале пратениците во Конгресот на Транснистрија. Како причина за барањето руска заштита пратениците го наведуваат „сè поголемиот притисок од Молдавија“.

„На Транснистрија ѝ е наметнат социјален и економски притисок, кој е спротивен на европските принципи, заштитата на човековите права и слободната трговија“, се наведува во изјавата со која рускиот парламент се повикува да „спроведе мерки за заштита на Транснистрија“, каде живеат повеќе од 220.000 руски државјани соочени со засилен притисок од молдавските власти.

Документот, во кој не се наведува какви точно заштитни мерки од Русија очекуваат, личи на слично барање на руското население во источна Украина во февруари 2022 година, што беше една од причините за руската инвазија на Украина.

Претседателот на Транснистрија Вадим Красноселски тврди дека таму се спроведува политика на геноцид преку економски, физички, правни и јазични притисоци од Молдавија.

Молдавија е поранешна советска република сместена меѓу Романија и Украина со околу 2,6 милиони жители. Парламентот на Молдавија има прозападно мнозинство, а претседателката Маја Санду тежнее кон влегување во Европската Унија. Транснистрија е проруски регион во источна Молдавија со околу 470.000 жители кој во 1990 година прогласи независност од Молдавија.

Обединетите нации овој регион го сметаат за дел од Молдавија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ