сабота, 27 јули 2024
Техничкиот премиер со коментар

Одлуката за намалените коефициенти на функционерите ќе се спроведе, инаку на први нема плата, вели Џафери

Усогласување на коефициентите на лицата коишто се во надлежност на Владата се усогласени со законските решенија, изјави техничкиот премиер Талат Џафери на новинарско прашање по вчерашната владина одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Законите коишто се носат во Собранието Владата има обврска да ги спроведува. Тоа  што е во моја надлежност како премиер како и на Владата, е соодветно да се реагира на законските решенија за да не оставите простор да дојдете во ситуација на крајот на месецот поради овие формални работи да не можете да исплатите плата на вработените. Од таа причина усогласување на коефициентите на лицата коишто се во рамки во надлежноста на Владата се усогласени со законските решенија“, изјави Џафери.

Во однос на најавите од Советот на јавни обвинители дека ќе ја обжали одлуката на Уставен суд, Џафери рече дека не сака да коментира.

„Се работи за трета власт која е  независна Што и да кажам може да се смета како влијание или интервенција врз таа власт“, изјави Џафери.

Владата вчера на седница донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата. Како што информираше владината прес – служба, со одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именуваните функционери во Владата, националните координатори и други функционери, директорите и други именувани лица на органи во состав на министерствата, директорите и други именувани лица на самостојните органи на државната управа, раководните лица во управните организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, казнено-поправни установи.

„Станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/24), којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ