сабота, 27 јули 2024

Одлуката за екстрадиција на Асанж во Америка најрано во март

Основачот на Викиликс, австралискиот новинар Џулијан Асанж, би можел најрано во март да дознае каква е одлуката на двајцата судии на Вишиот суд во Лондон за неговата екстрадиција во Соединетите Американски Држави поради обвиненијата за шпионажа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По двата дена расправа пред Вишиот суд, на која адвокатите на Асанж истакнаа дека неговата екстрадиција во САД би било „флагрантно газење на правдата“, судиите соопштија дека ќе им треба време да ја разгледаат пресудата.

Американските адвокати тврдат дека Асанж загрозил животи и го надминал новинарството во обидот да бара, украде и неселективно да објави доверливи документи на американската влада.

Адвокатите на Асанж побараа од Вишиот суд да му одобри нова жалба на екстрадицијата, но одлуката не се очекува пред март.

Ако судиите Викторија Шарп и Џереми Џонсон донесат одлука против Асанж, тој може да побара од Европскиот суд за човекови права да ја блокира неговата екстрадиција.

Неговите поддржувачи стравуваат дека тој би можел да биде екстрадиран во САД пред Европскиот суд што било да одлучи, бидејќи британската влада веќе го потпиша налогот за екстрадиција.

Асанж е обвинет за шпионирање и за злоупотреба на компјутер за објавување на доверливите американски документи пред речиси 15 години на Викиликс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ