среда, 23 октомври 2024

Одложување на гласањето на извештајот за Македонија во ЕП бара Ќучук

Објавено на

часот

Сподели

„Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на земјата да продолжи по патот на европската интеграција, преку спроведување на неопходните уставни измени. Во спротивно, критичарите кои не веруваат во европските аспирации на Северна Македонија, може да излезат дека се во право. И во двете опции, Европскиот парламент ќе има јасна линија по која ќе го гласа извештајот со големо мнозинство наесен“, рече Илхан Ќучук.

Според известувачот на ЕП за Македонија, одложувањето на гласањето ќе помогне за постигнување конструктивен дијалог и во комисијата за надворешни работи на ЕП ќе придонесе за зацврстување на довербата меѓу Македонија и Бугарија, како две соседни земји, кои имаат заедничка иднина и стремеж во европското семејство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ