сабота, 21 декември 2024

Одложено стартувањето на турска нуклеарна централа, Сименс не сака да дава делови на руска компанија

Стартувањето на првата турска нуклеарна централа е одложено бидејќи германски Сименс не сака да му даде дело на руски Росатом, градителот на централата, изјави денес турскиот министер за енергетика Алпарсиан Бајрактар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Росатом склучи алтернативни договори со кинески добавувачи, но придвижувањето на реакторот сепак ќе доцни неколку месеци затоа што Сименс енерџи не ги испорача нарачаните делови, веројатно поради западните санкции против Русија“, кажа турскиот министер за новинската агенција Анадолу.

„Алтернатива постои. Росатом веќе нарача алтернативни делови од Кине и тие ќе стигнат“, додаде Бајрактар, не наведувајќи имиња на компании.

Портпаролот на Сименс енерџи потврди дека не испорачале некои делови на Турција поради германските прописи за извоз.

„Некои делови се испорачани уште одамна, но веќе една година не ги испорачуваме поради извозните и царинските лиценци кои уште не се издадени. Се подразбира дека мораме да ги почитуваме прописите за извоз“, кажа портпаролот на германската компанија.

Турција планираше да го стартува својот прв нуклеарен реактор во 2023 година, но го помести рокот за 2025. Останатите реактори би требало да почнат со работа до крајот на 2028. Централата во полн капацитет би требало да покрива 10 отсто од турските потреби за струја.

Анкара поради одложувањето размислува за пенали за Сименс, иако со години соработува со германската компанија, кажа министерот за енергетика.

„Поради таквиот став ќе ја преиспитаме нивната позиција во идните проекти“, додаде Бајрактар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ