Крстевска Цалева беше назначена за шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. Предлогот за нејзиното назначување беше изнесен од републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцески.
Советот денеска ја утврди и бројката од 45 слободни јавно-обвинителски места за наредните две години. Исто така, едногласно ја усвои и завршната сметка за 2024 година. Претседателката на СЈОРМ, Душица Димитриевска, образложи дека од предвидените 33.850. 000 денари, искористени се 32.500.304 денари.
„Најголемите трошоци се однесуваат на плати и придонеси (2.867.659 денари), додека, трошоците за патни и дневни трошоци изнесуваат нула денари, бидејќи немаме патувања надвор од земјата“, рече Димитриевска.