сабота, 21 декември 2024

Одложена утрешната средба на членовите на историската комисија со Бугарија

Утрешниот состанок на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски и образовни прашања предвиден да се одржи во Скопје е одложен. Новиот претседател на македонскиот дел од оваа комисија Ванчо Ѓорѓиев побарал едноденелно или двонеделно одложување заради координација со новите членови.

 

Објавено на

часот

Сподели

Владата минатиот вторник го смени составот на комисијата назначувајќи го историчарот Ванчо Ѓорѓиев за нејзин претседател. Тој и претходно беше член на комисијата, но поднесе оставка обвинувајќи за притисоци од страна на тогашното Министерство за надворешни работи предводено од Бујар Османи.

Од стариот состав на комисијата остана само 1 член, додека меѓу останатите има двајца кои и претходно членувале во ова тело. Членови на комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје.

Комисијата е формирана во 2017 година како дел од обврските со Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Досега оваа заедничка комисија усвоија препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ