сабота, 27 јули 2024

Одбраната на Жан Митрев тврди дека сведоците на јавното обвинителство и натаму се во нивна корист

На денешното рочиште сведоците на обвинителството повторно дадоа искази целосно во корист на одбраната на д-р Жан Митрев, велат од одбраната.

Објавено на

часот

Сподели

„Сведокот на обвинителството кој што го развивал софтверот на Клиниката Жан Митрев потврди дека се работи за врвна дигитализација на највисоко ниво, најдобар во регионот и пошироко. Измени на податоци се речиси невозможни и самиот софтвер ги собира и ги генерира сите податоци. Вториот сведок, единствен увозник на машините и филтрите за хемофилтрација во Македонија потврди дека во време на пандемијата производителот Baxter не можел да постигне да произведе филтри колку што била побарувачката и поради употреба на филтрите за хемофилтрацијата за ковид-19 ширум светот и заради последиците од ковид кај нефролошките пациенти. Во Македонија машините и филтрите за хемофилтрација нагласи дека се одобрени од надлежните органи од 2008ма и 2009 година. Оxiris филтерот кој што е употребуван за хемофилтрација е одобрен од надлежните органи во Македонија уште во 2013 година, а пак во времето на пандемијата 2020 година е одобрен за увоз и регистриран како медицинско средство за хемофилтрација и при ковид 19“, соопштија од одбраната.

Додаваат дека лекарите од Жан Митрев како експерти за хемофилтрација биле ангажирани од производителот Baxter во времето на ковид да ги обучуваат другите лекари од Македонија, Косово и Албанија.

„Со ваквото сведочење и овие два сведока на обвинителството како и сите досегашни без исклучок целосно го урнаа обвинението и зачудувачки е натамошното останување на обвинението против д-р Жан Митрев и против Клиниката Жан Митрев. Повеќе правни експерти потврдуваат дека во системи во кои владее правото обвинението одамна требаше да биде повлечено. Но во македонското правосудство продолжува процес дури и со притисок врз судот како што денес беше изјавено дека обвинителството има интерес судот брзо да го оконча предметот па затоа обвинителката се откажала од свои три сведоци“, дополнуваат од таму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ