сабота, 27 јули 2024

Одбиено вклучувањето на Јужна Африка во решавањето на конфликтот за мароканска Сахара  

Вклучувањето на Јужна Африка не е добредојдено во процесот на решавање на конфликтот за мароканска Сахара. Ова е заклучокот од соопштението за медиумите коешто беше објавено од страна на Меѓународниот комитет за дијалог и мир, по поканата која Преторија ја испрати до личниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Стафан де Мистура во врска со ова прашање.

 

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението за печатот на Меѓународниот комитет за дијалог и мир, поканата која Јужна Африка ја упати до личниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Стафан де Мистура, се смета за дрска и дестабилизирачка. Аспирацијата на Јужна Африка да се вклучи во решавањето на прашањето околу Сахара го нарушува принципот на непристрасност на државите, имајќи предвид дека Преторија е позната по својата безусловна поддршка на сепаратистичките барања на фронтот Полисарио и нејзиниот марионетски ентитет Арапската Демократска Република Сахрау, се наведува во соопштението за печатот.

Комитетот посочи дека изјавите на јужноафриканската министерка за надворешни работи се загрижувачки, особено нејзината изјава дека личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Стафан де Мистура, ѝ доверил одредени предлози во врска со проблемот во Сахара, притоа истакнувајќи ја доверливата природа на споменатите предлози, кои според неа мора сериозно да бидат разгледани од нејзината влада.

Овој вид на акција претставува дипломатска незрелост и недостаток на иницијатива за ставање на крај на моменталниот статус кво, се вели во соопштението.

Соочен со оваа ситуација, Меѓународниот комитет за дијалог и мир ја изрази својата длабока загриженост и своето отфрлање на едностраното вклучување на Јужна Африка во прашањето за Сахара. Од Стафан де Мистура се бара итно да ја разгледа својата позиција во врска со овој инцидент.

Комитетот исто така потсети на потребата да се почитува процесот на решавање на конфликти и спорови, кој се спроведува во рамки на Обединетите нации, бидејќи во контекст на решавањето на овој спор Обединетите нации јасно ги имаат дефинирано меѓународните актери директно вклучени во самиот процес. Тоа се Мароко, Алжир, Мавританија и Шпанија. Африканската унија и Јужна Африка не се актери во овој конфликт. Тие, исто така, не се дел од земјите набљудувачи, ниту од групата конституирана од страна на Соединетите Американски Држави и другите земји членки на Советот за безбедност плус Шпанија, кои имаат привилегија да предлагаат нацрт-резолуции во врска со обновувањето на мандатите на MINURSO (Мисија на Обединетите нации за референдум во Западна Сахара), се заклучува во соопштението за медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ