Одбраната на Додик вложи жалба на првостепената одлука со која беше одбиено барањето да му се суди во Бања Лука, а денес беше донесена одлука со која таа жалба се одбива.
Адвокатот на Додик Горан Бубиќ истакна дека во Сараево се подготвува „одмаздничко судење“ на неговиот клиент поради политичките ставови кои ги застапува.
Актуелниот претседател на Република Српска Додик обвинителството на БиХ го обвини за неспроведување на одлуките на високиот претставник за БиХ, што од јули оваа година стана кривично дело.
Ако биде осуден, му се заканува казна од шест месеци до пет години затвор, со што следи и автоматска забрана за политичко дејствување односно смена од функцијата што ја врши.