Пред зградата на Централната изборна комисија во Букурешт избија судири меѓу полицијата и поддржувачите на Џорџеску, откако телото му забрани на политичарот да се кандидира на претстојните избори.
Се очекува доцна вечерва членовите на комисијата да ја соопштат причината за одлуката.
Џорџеску ја осуди денешната пресуда, тврдејќи дека одлуката на комисијата има сериозни последици врз демократијата не само во Романија, туку и низ целиот свет.
„Директен удар во срцето на демократијата во светот! Ми остана уште само една порака! Ако падне демократијата во Романија, ќе падне целиот демократски свет! Ова е само почеток. До толку е едноставно! Европа сега е диктатура, Романија е под тиранија!“, напиша Џорџеску на Икс.
Одлуката на Централната изборна комисија може да биде обжалена до Уставниот суд во рок од 24 часа, додека највисокото судско тело ќе има рок од 48 часа да донесе конечна одлука.
Џорџеску победи во првиот круг од претседателските избори во ноември, но неговата победа набргу потоа беше поништена од Уставниот суд.
Пред неколку дена Џорџеску беше уапсен и однесен на сослушување во врска со минатогодишните избори, кои беа поништени поради наводно руско влијание. Инспекторите го испитуваат финансирањето на неговата кампања минатата година.