понеделник, 20 мај 2024

Одбележани 83 години од бомбардирањето на Штип

Делегации од општината, државни институции и претставници на политички партии со положување цвеќе пред спомен плочата кај Народниот театар денеска одбележаа 83 години од бомбардирањето на  Штип од германските окупатори. Петар Мицевски претседател на Општинската организација (ОО) Сојуз на борци-Штип, рече дека 6 април е важен историски ден кога градот бил нападнат од фашистичката воена авијација.

Објавено на

часот

Сподели

Петар Мицевски претседател на Општинската организација (ОО) Сојуз на борци-Штип, рече дека 6 април е важен историски ден кога градот бил нападнат од фашистичката воена авијација.

„Денеска се собравме тука, пред спомен плочата на Народниот театар за да одбележиме 83 години од бомбардирањето на Штип. Бомбардиран од германскиот фашистички окупатор и неговите сојузници. Демонстрациите оддржани на 27 март 1941 година на територијата на цела бивша Југославија. А во тие рамки и на Македонија, ги расипале сите замисли и идеи на Хитлер и неговите сојузници за вклучување на бивша Југославија, а со тоа и на македонскиот народ во Тројниот пакт“, рече Мицевски.

Тој посочи дека без никакво предупредување и најава на 6 април 1941 година во раните утрински часови, додека месното население спиело, а други пак оделе на работа Германците го бомбардирале градот Шти , со тоа што во текот на денот успеале целосно да го окупираат. Со овој напад биле опустошени многу куќи меѓу кои и зградата на старата болница. При нападот 54 лица ги загубиле своите животи, 22 биле тешко ранети, а 10 се водат како исчезнати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ