четврток, 26 декември 2024

Oддадена почит за 11-те армиски припадници што загинаа во хеликоптерската несреќа кај Катланово

Со полагање свежо цвеќе на местото на хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и во кампот Бутмир во Сараево, им беше оддадена почит на единаесетте армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг што пред шеснаесет години трагично ги загубија своите животи.

Објавено на

часот

Сподели

На спомен обележјето, во помен на загинатите припадници венци свежо цвеќе положија делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада, членовите на семејствата на загинатите и претставници на општината Петровец.

Почит на загинатите беше оддадена и пред спомен-обележјето пред командата на воздухопловниот Винг во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и во кампот Бутмир во Сараево, Босна и Херцеговина.

Армискиот хеликоптер Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги од мисијата АЛТЕА потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ