сабота, 27 јули 2024

Од вторник до сабота посебен режим на сообраќај во Скопје, доаѓа шеик од Саудиска Арабија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од вторник до сабота, поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Од тие причини, МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ