понеделник, 21 октомври 2024

Од Вреди побарале корекција на законскиот предлог од Мицкоски за реорганизација на Владата

Лидерот на Беса и еден од лидерите на коалицијата Вреди, Биљал Касами денеска изјави дека тие побарале корекција на законскиот предлог за реорганизација на Владата, поднесен во Собранието на Македонија од мандатарот Христијан Мицкоски. Предлогот беше денеска повлечен од собраниската седница со образложение од ВМРО-ДПМНЕ „заради исправање на номотехничка грешка“ и дека ќе биде вратен денеска. Спикерот Африм Гаши пак, на седницата, најави расправа кога ќе се создадат деловнички услови.

Објавено на

часот

Сподели

Според изјавата на Касами, законот нема да се повлече, туку ќе се договораат уште детали.

„Има некои измени. Имаше првична идеја градинките да преминат од труд и социјала во Министерство за образование. Во дополнителните преговори што ги имавме со мандатарот, договоривме уште овој период да останат во труд и социјала. Ќе има реорганизација и во други институциите. Повлечен е предлог законот за да не одиме со амандмани, ќе се пушти во текот на денот со измените“, истакна Касами од тетовско Желино каде промовираше дисперзирана противпожарна единица.

На новинарско прашање што очекува од ДУИ, Касами на партијата на Ахмети ѝ реплицраше.

„Албанците нема да пролеваат крв за некој да стане милионер“, рече Касами како  коментар на изјавата на Ахмети дека Албанците имаат уште крв да станат господари.

Касами посакува ДУИ да биде конструктивна опозиција.

„Се надеваме дека ДУИ и коалицијата ќе бидат конструктивна опозиција во вредностите во кои ние веруваме, резултатите на Владата се директно зависни од тоа колку е консолидирана и силна опозицијата. ДУИ ги има бројките, се надеваме дека и волјата ќе ја имаат за да бидат конструктивна силна опозиција, коректор на власта. Со тоа да граѓаните да можат да имаат придобивки од една власт која ќе работи за нив“, истакна Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ