сабота, 27 јули 2024
Евроспки ден на граѓанската правда

Од вкупно 25.229 граѓански и кривични предмети Основниот суд Гостивар годинава завршил 23.982

Вкупно 25.229 граѓански и кривични предмети се примени во Основниот суд во Гостивар во текот на 2023 година, а од нив 23.982 се решени. Основниот суд Гостивар како самостоен и независен државен орган суди врз основа на Уставот на државава, Меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, со што ја обезбедува единствената примена на правото и заштитата на човековите слободи и права, велат од таму по повод Европскиот ден на граѓанската правда. 

Објавено на

часот

Сподели

Во 2003 година, Советот на Европа донесе одлука 25 октомври да се одбележува како Европски ден за граѓанска правда. Намерата на одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните на Европа да им овозможи да се запознаат со владеењето на правото, правната држава и независното правосудство, како врвни европски вредности..

Организацијата на работата на Основен суд Гостивар е уредена согласно со Законот за судовите и Судскиот деловник. Законот за судовите поблиску ја определува надлежноста на Основните судови, а со тоа е предвидено дека Основниот суд е првостепен суд со проширена надлежност кој покрај надлежноста утврдена за основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, е надлежен да одлучува:

1. во прв степен по кривичните дела и прекршоци, и тоа:

– за кривичните дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,

– за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,

– да спроведува истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,

– за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои созакон се ставени во надлежност на орган на државна управаили организација или друг орган што врши јавни овластувања и

– за жалби и пригивори за постапките за кои се надлежни овие судови

2. во прв степен по граѓанските спорови, и тоа:
– за спорови во имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,

– за спорови за утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, утврдување на постоење на брак, поништување на брак и развод на брак,

– за законска издршка,

– за чување и воспитување на деца,

– за смеќавање на владение,

– за доживотна издршка,

– за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,

– за постапка за обезбедување и извршување,

– за работни односи,

– за спорови од наследно-правни односи,

– во вонпарнични о оставински работи,

– да водат тапии и 

– за други работи утврдени со закон,

Надлежен е да одлучува и:

1. по кривичните дела, и тоа:

– за оние за кои со закон е предвидена казна затвор над пет години и за кривични дела и прекршици извршени од малолетни лица,

– да постапува по предмети за екстрадиција,

– по жалби и приговори за постапките за кои е надлежен и 

– да решава за постапки за меѓународна правна помош утврдена со закон.

2. по граѓанските спорови, и тоа:

– за спорови од имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е над 15.000 евра во денараска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,

– во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост, 

– водат судски регистар за политички партии,

– во постапка за стечај и ликвидација,

– во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и

– за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански односно трговски односи.

Основниот суд Гостивар се основа за подрачјето на општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростушe.

Работата во судот се организира во два судски оддели: Кривичен и Граѓански оддел.
 

Во Кривичниот оддел се постапува по кривични предмети против полнолетни лица, по предмети против малолетни лица, по прекршочни предмети, по предмети за извршување на санкции и други предмети согласно уписниците од Судскиот деловник. Во Граѓанскиот оддел се постапува по предмети помеѓу правни и физички лица и тоа: предмети од имотни спорови, трговски спорови, работни спорови, семејни спорови, облигациони спорови, спорови од мала вредност, предмети по платни налози, по приговори и жалби против решение донесено од нотарите, како и предмети по истите основи (парнични предмети) кои произлегуваат од стечајните постапки согласно чл.93-а од Законот за стечај (Сл.Весник на РМ бр.79/13), стечајни, ликвидациони предмети, вонпарнични и оставински предмети, предмети по Закон за обезбедување на побарувања, Законот за извршување, привремени мерки по Закон за семејство и судски депозит согласно Судскиот деловник.

Административното постапување по предметите во рамките на одделите се врши во судски писарници.
Во рамките на кривичниот оддел работата по предметите се врши во: кривична писарница, прекршочна писарница и писарница за извршување на санкции.

Во рамките на граѓанскиот оддел работата по предметите се врши во: парнична писарница, писарница за трговски спорови и стечај, писарница за платни налози и вонпарнична и оставинска писарница.

Приемот на писмената се врши во приемната писарница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ