недела, 12 јануари 2025
Градоначалникот на Струга го прекина молкот

Од Вилсон навака САД се наш сојузник, изјави Мерко и сподели фотографии со Агелер и американско знаме

Објавено на

часот

Сподели

Мерко нагласи дека ќе биде отворен за соработка за секој процес пред правосудните органи и оти и општината и тој ќе ја достават навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација. 

„Од претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга“, вели Мерко. 

Тој објаснува дека по најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакал да комуницира со јавноста во корист на процесите за поддршка на правдата. 

м

„Oд страна на Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции. Притоа, во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите. На крајот, сакам да му се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката низ годините, но и поддршката што не ја штедевте и овие денови, за кои убеден сум дека ќе ги надминеме заедно, за да создадеме услови за подобар живот на Стружани и за Струга што ја сакаме“, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук страната на Општина Струга. 

Претходно, од Јавното обвинителство на РСМ информираа дека четиричлена комисија од јавни обвинители од ЈОРСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со струшкиот градоначалник во Основното јавно обвинителство Струга и Вишото јавно обвинителство ЈО Битола.

Од Јавното обвинителство најавија дека по целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај.

Обвинителството во четвртокот соопшти дека има шест активни предмети против струшкиот градоначалник. Оттаму посочија дека исклучително сериозно ги земаат предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на Мерко врз постапките.

„Од тие причини, Обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана“, соопшти ЈО во четвртокот.

Стејт Депарментот го стави Мерко на црната листа поради корупција и влијание врз судски процеси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ