сабота, 19 октомври 2024

Од вчера до претпладнево 17 новозаболени од голема кашлица во Скопје, 141 вкупно

Бројот на заболени од голема кашлица во Скопје достигна 141 откако претпладнево се регистрирани три нови случаи, велат од Центарот за јавно здравје. Според Центарот, вчера како нови потврдени случаи се пријавени 14 заболени, што значи дека од вчера до претпладнево се регистрирани 17 случаи на инфективната болест.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера Комисијата за заразни болести изнесе предлог за тестирање за голема кашлица низ целата држава. Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата најави очекување од 15 март да пристигнати и вакцини против голема кашлица (пертусис) за возрасни.

Вакциналните пунктови во Скопје работат во две смени

Засилување на инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис (голема кашлица) низ целата држава од центрите за јавно здравје за кое досега немаше таква можност, а дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните пунктови да биде задолжителна за подобар преглед, се новите препораки Комисијата за заразни болести.

Мехмедовиќ истакна дека не е само вакцинирањето против голема кашлица сегга важно, туку и против и морбилите коишто се шират низ регионот, а особено во Албанија, што претставува закана за здравствената слука и во Македонија зашто е низок процентот на вакцинирани.

„Уште еднаш јавно апелираме родителите да направат апдејтирање односно да бидат во тек со целокупната вакцинација, со сите вакцини, што се од задолжителниот карактер за имунизација. Тоа е важната порака која што сакаме да ја испратиме. Од друга страна, доколку се следи тој редовен календар на имунизација, ќе видите дека практично ниту една вакцина нема потреба да се одложи. И затоа е најдобро родителите, кога веќе ќе бидат совесни да го следат календарот за имунизација затоа што во тој случај ниту МРП вакцината ќе се одложи поради ДТПР вакцината ниту обратно, ниту која било вакцината ќе биде поспонирана поради тоа што имаме редовна вакцинација“, истакна портпаролот на Комисијата за заразни болести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ