сабота, 27 јули 2024

Од утрово укината е забраната за движење за тешки товарни возила на Стража и Пресека

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека од утрово се укинаа, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ