четврток, 24 октомври 2024

Од утре трговските компании ќе може да бираат во кој суд ќе можат да ги решаваат споровите

Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд што Собранието ја ратификуваше на 13 август 2024 година од утре стапува во сила, информираше денеска Министерството за правда. Конвенцијата што беше усвоена во рамките на Хашката Конференција за меѓународно приватно право во Хаг, од 30 јуни 2005 година има за цел да ја осигура ефикасноста на спогодбите за избор на суд, помеѓу страните во меѓународните трговски односи.

Објавено на

часот

Сподели

Со неа на странките им се гарантира дека спорот ќе се решава пред судот кој тие го избрале со спогодбата за избор на суд и дека истата таа пресуда ќе може да се признае и изврши во некоја од другите земји потписнички .Од друга страна пак ,на државата и се овозможува да оствари некои свои јавни политики, на начин што и се гарантира почитувањето на неколку основи за исклучива нејзина надлежност за одредени прашања.

Конвенцијата преставува инструмент кој ќе обезбеди поголема правна сигурност за прекуграничниот бизнис и да креира поволна клима за меѓународна трговија и вложување. Конвенцијата е обврска и од извештаите на Европската Комисија за напредокот на Македонија, како и годишните состаноци  на Поткомитетот за правда и внатрешни работи помеѓу Македонија и Европска Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ