вторник, 17 септември 2024

Од утре се влошува времето, ќе има пороен дожд и пад на температурите

Утре времето ќе биде променливо, со локален пороен дожд и грмежи, а од недела ќе има и значителен пад на температурите.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Утре во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд – над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер – над 70 километри на час.

Како што информираат од УХМР, во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Во сабота ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се внимава и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ